Српската Патријаршија сака да не стави под нивната мантија

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Црногорскиот владика Михаило остро го осуди однесувањето на Српската православна црква против верниците во Црна Гора. За време на Велигденската обраќања Митрополитот Михаило рече дека “СПЦ се обидува да ја стави Црна Гора под нејзината мантија”.

Според него, “Српската православна црква ја злоупотребува толеранцијата на државното раководство во земјата”. Властите во Белград и СПЦ не ја признаваат црногорската црква и ја нарекуваат “неканонска”. По обидот за државен удар во Црна Гора во октомври 2016-та година митрополит Михајло повика “обвинителството да покрене обвинение против Белградската патријаршија, која организира и поттикнува злосторства против суверенитетот и мирот во Црна Гора”. “Поткопување на црногорскиот устав од страна на великосрпски партии со цел нашата земја да биде претворена во колонија и во републиката да биде предизвикана граѓанска војна е директно продолжение на политиката на Српската Патријаршија со други средства. Оваа Патријаршија, како во 90-тите години на минатиот век, така и денес не е црква, туку терористичка организација која делува против Црна Гора по наредба на Белград.

Во оваа црква и тогаш и денес работат свештеници со опасни намери, кои се во врска со сегашниот министер за внатрешни работи на Србија  . Им помагаат  и криминални структури, за да ги заштитат великосрпски интереси и да предизвикаат хаос во државата “, рече уште митрополит Михајло. /  Танјуг