Српски пулмолог открива зошто Италијанците повеќе заболуваат од коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ објаснува дека слабите италијански гени и лошата болничка опременост се виновни за ваквата погубна статистика.

Лекарот посочува дека Србите немаат причина да се плашат, бидејќи тие имаат лавовска генетика.

Иако, во многу земји, пациентите успешно се борат со новиот вид на коронавирус, Во Италија се пријавени дури 366 смртни случаи од почетокот на инфекцијата.

-Речиси е сигурно дека нешто влијае на коронавирусот во Италија! Се чини дека нивните гени се особено слаби на оваа инфекција. Треба да се запомни дека пред сто години, токму во Италија од шпанската треска починаа седум пати повеќе луѓе од останатите земји – посочува пулмологот Несторовиќ, истакнувајќи дека пред два дена за 24 часа во Италија, дури 133 лица починале од коронавирус, додека во земјите кои се граничат со неа, но и оние многу поголеми од нејзе, стапката на смртност е далеку пониска.

Несторовиќ објаснува дека причина за алармантната состојба која владее во Италија можеби треба да се бара во недостаток на респиратори во тамошните болници.
– Во Ломбардија, која има најголем број заболени, има само 800 респиратори, односно вештачки бели дробови, кои се неопходни за функционирање на тешко болните. Италијанците очигледно не биле подготвени за огромен прилив на пациенти. Меѓутоа, како и секаде во светот, и во Италија умира популацијата постара од 80 години, вели пулмологот.

Слични содржини