Српскиот патријарх: Единствен пат до решение за МПЦ е меѓу Скопје и Белград

од Nikola Popovski

Уверен сум дека единствениот правилен пат по кој треба да се оди за да се добие трајно решение на овој проблем, е патот од Скопје до Белград, или од Белград до Скопје, вели српскиот патријарх Порфирије во врска со догогодишниот спор меѓу СПЦ и МПЦ-ОА.

Според Порфирије, никој друг од страна не може да има поголемо разбирање за проблемот, како што наведува, „од нас самите кои со векови на овие широки балкански простори заедно се вградувавме во Црквата Христова, без никакви меѓусебни недоразбирања“.

– Секој разговор што може да создаде минимум можности за воспоставување на нарушеното единство на Црквата е благословен и ме радува, бидејќи тоа е уште една рана што ме боли мене и секој свештеник, епископ на Српската црква, па и многу верници. Секој раскол е рана на телото Христово, на Црквата. Во ова време кога стана пожелно да се оддалечат луѓето едни од други, кога на тоа за жал, му претходеше и дистанцирање меѓу помесните православни цркви, сегашните настојувања на ерархијата кој пребива надвор од единството ги гледам како знак на совест, знак на спознавање дека состојбата на раскол за нив не природна и одржлива. А ние овде во Пеќката патријаршија, српски владици, не само што не се откажуваме, туку со целосна одговорност за верниот народ во Северна Македонија, чија побожност, љубов кон Црквата Христова им е позната на сите, сакаме нарушено единство повторно да се воспостави, вели поглаварот на СПЦ во интервју за српска „Политика“.

Слични содржини