ССМ прашува зошто нема предлог за 600 евра, додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го поддржи СДСМ за покачувањето на минималната плата

од Илинка Илиоска
143 прегледи

Владејачкото мнозинство во Собранието, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, нема да ги поддржи предложените измени на Законот за минимална плата што ги предлага пратеничката група на СДСМ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, објасни дека актуелното законско решение за минималната плата е иницирано од Венко Филипче и неговата партија, каде усогласувањето на платата е предвидено за март.

„Има фундаментална грешка во нивниот предлог. Ако моменталната минимална плата е 22.567 денари и се зголеми за 12 проценти, новата плата би била 25.342 денари, а не 27.700 денари како што тврдат. За тоа би било потребно зголемување од 22,74 проценти,“ рече Стојаноски.

Тој додаде дека владата подготвува системско решение за зголемување на платите за сите работници, а не само за минималната плата. Стојаноски истакна дека владата постигнала договор со СОНК за зголемување на платите на образовните работници за 46 проценти.

Во одговор на партиските изјави, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, реагираше преку Фејсбук, прашувајќи зошто не се предлага поголемо зголемување од 600 евра.

Слични содржини