Статисти во серијата „Еуфорија“ тврдат: „Гладувавме на сетот на снимањето!

од Vladimir Zorba

Втората сезона на контроверзната тинејџерска серија „Еуфорија“ на ХБО започна да се емитува на почетокот на јануари. Моментално е една од најгледаните серии на малите екрани, но „протече“ и информација дека сè на сетот едноставно не било пријатно.

– Се чувствував апсолутно ужасно. Според мене, таму никој не бил среќен – рекол еден од статистите и додал дека продукцијата воопшто не им обезбедувала оброци и паузи.

Неколку актери тврдат дека имало многу поплаки кои биле испратени до синдикатот „SAG-AFTRA“. Дури и самиот претставник на организацијата решил да провери за што се работи и пристигнал на сетот во Лос Анџелес.

– Благосостојбата на актерската екипа и на целиот сет е секогаш врвен приоритет. Продукцијата беше во целосна согласност со сите упатства, правила и протоколи. За оваа тема и тип на серии има долги и сложени снимки. Исто така, протоколите за ковид ни создаваат дополнителни тешкотии. Секогаш сме отворени во комуникација со сите, вклучително и SAG-AFTRA. Досега никогаш не сме имале официјална истрага – се вели во официјалното соопштение на ХБO.

Сепак, неколку извори наведоа дека овие „долги снимки“ се прошируваат на 18 часа работа дневно. Снимањето на сцените кои требаше да бидат во текот на ноќта се протегаа од самрак до зори.

Новите обвинувања дојдоа само неколку недели откако актерката Минка Кели (41) рече дека и било „незгодно“ да снима голи сцени за серијата.

Актерката Сидни Свини (24) претходно откри како го замолила Левинсон да отсече некои од голите сцени кои самата ги снимила.

Слични содржини