Стејт департментот ги предупреди Американците: Можете да бидете уапсени во Русија

од Milan1

Руските власти можат да приведуваат американски граѓани во Русија, соопшти Стејт департментот, предупредувајќи ги Американците да не патуваат во таа земја.

Во препораката за патување се наведува и дека предупредувањето е поради „неиспровоцираната и неоправдана инвазија врз Украина од страна на руските воени сили”, како и поради можноста руските власти да ги вознемируваат американските граѓани.

Американците кои се наоѓаат моментално во Русија, повторно беа повикани да ја напуштат земјата „веднаш”.

Слични содржини