Стејт департментот: Одлуката за евентуална средба меѓу Зеленски и Путин треба да ја донесе Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska

Украина мора да игра важна улога во одредувањето на сопствената иднина, така што секоја одлука за преговори со рускиот претседател Владимир Путин мора да ја донесе лично неговиот украински колега Владимир Зеленски. Ова го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер, во коментар на предлогот на Обединетите Арапски Емирати да се организира средба меѓу двајцата лидери на маргините на климатската конференција COP 28 во Дубаи.

„Во врска со евентуалната средба меѓу претседателот Зеленски и Путин, би рекол дека одлуката треба да ја донесе исклучиво претседателот Зеленски. Јасно ставивме до знаење дека Украина е на возачкото место кога станува збор за одредување на нејзината иднина, а тоа важи и за какви било преговори“, изјави претставникот на американскиот Стејт департмент.

Истовремено, според Милер, Украина јасно нагласила дека е подготвена за преговори со Русија, во кои ќе се води сметка за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини