Стоилковски: ВМРО- ДПМНЕ до Обвинителството ќе поднесе кривични пријави за нарушување на изборниот процес

од desk4

 

ВМРО- ДПМНЕ до Обвинителството ќе поднесе кривични пријави за нарушување на изборниот процес односно 12 Кривични пријави за организирано гласање, поткуп на гласачи и за агитирање.

ЈО мора да ги преземе конкретни чекори кон разоткривањето на криминалните политики на власта против изборите.

Кривичните пријави се однесуваат:

За организирано гласање во Прилеп, во ромското маало Тризла. Организирано се земани од дома, носени до избирачко место и повторно гласачите се враќани дома, а постојат сериозни индиции дека зад тоа како организатори стојат градоначалникот на Прилеп и владејачката СДСМ.

Ист случај е регистриран и во Градско, каде бело комбе со велешки регистарски таблици цел ден разнесувал гласачи. За двете места има сериозни индиции дека е делен и поткуп за време на транспортот.

Пoткyп на гласачи и организирано носење на гласачи Роми, со индиции за поткуп, односно тешки изборни нepегуларности се регистрирани и во Штип.

Во Штип постојат злоупотреби на службена положба и нарепресивниот апарат. Полицијата крши основни човекови права на граѓаните, претресува возила на луѓе, во присуство на малолетни деца, додека на денот на избори се објавуваа фото докази за непречен поткуп, за делење пари во неколку населби во истиот град во Штип.

Шуто Оризари, Скопје. Активисти на владејачката партија организираат транспорт на гласачи, има индиции за поткуп, а не изостана ни агитирање крај избирачките места, транспорт на гласачи е организиран преку социјалните мрежи од СДСМ.

Во Чаир, Скопје направен е тeжoк пpeкpшoк на изборниот процес, политичка патија од власта организираше групно гласање на избирачко место во училиштето „6 Ноември“. Изостана peaкциja и тоа и од Јавното oбвинитeлcтвo и од пoлициjaтa.

Криминалот против изборите е сериозно дело кое што не застарува, а неказнивоста за истите само дополнително ќе ја закова Македонија на демократското дно. Очекуваме Обвинителите да се одважат и да отпочнат со процес со кој што ќе се расчисти изборниот криминал, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини