Столтенберг: НАТО не гледа промена во нуклеарниот став на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата не видела промена во нуклеарниот став на Русија по најавата на претседателот Владимир Путин дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„Досега не видовме никакви промени во нивниот нуклеарен став, што бара каква било промена во нашиот нуклеарен став“, изјави Столтенберг за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел, пренесе „Ројтерс“.

На 25 март Русија постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини