Стосур и Чан ја освоија Австралија опен во двојки кај дамите

од Vladimir Zorba

Австралиската тенисерка Саманта Стосур и кинеската Шуаи Чан ја освоија титулата кај женските двојки на Австралија опен.

Во финалето тие ги победија шампионките за 2018 година, Кристина Младеновиќ (Франција) и Тимеа Бабош (Унгарија) со 6: 3, 6: 4.

За Чан ова е прва титула во Гренд слем турнирите, додека за Стосур е шеста, откако 34-годишната Австралијка има еден трофеј во сингл, два во мешани двојки и три кај женските парови.

Меѓутоа, за Стосур, ова беше и првата победа во Мелбурн.

„Бевме подготвени за многу тежок натпревар и тој беше токму таков. Сакам да се заблагодарам на нашиот штаб, на нашите семејства, кои денес се тука за да не поддржат и немаше да се справиме без вас. Сакам да и се заблагодарам и на Шуаи, дека беше до мене и дека е моја најдобра другарка, рече Стосер по натпреварот.

„Благодарам на Тимеа и Кики дека одиграа толку силен натпревар, на навивачите дека дојдоа да не поддржат. За мене тоа беше неверојатен турнир и сакам да искажам посебна благодарност на мојот и тимот на Саманта“, рече Шуаи Чан веднаш по триумфот.

Слични содржини