СТРАШНА ТРАГЕДИЈА на Алпите: Неколку лица загинаа во две лавини во Франција

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку седум лица загинаа вчера во две одделни лавини во областа Савој на француските Алпи, соопштија локалните власти.

Првата лавина се случи околу пладне во областа каде што се наоѓа ски-центарот Валоре, кога според властите загинаа четворица планинари на возраст од 42 до 76 години.

Во втората лавина во подножјето на врвот Пури загинаа уште три лица, додаваат властите на областа.

Властите во областа Савој, кој се граничи со Италија, ги повикаа планинарите, скијачите и останатите лица да бидат претпазливи, наведувајќи дека благите временски услови, како што се евидентирани сега по обилните снежни врнежи минатата недела, може да предизвикаат лавини, пренесува АП.

Слични содржини