Стратфор: Зошто ли Македонија стана повеќе од пријателски сосед

од Vladimir Zorba
104 прегледи

На 1 август Бугарија и Македонија потпишаа историски договор за пријателство.

Новата влада на Македонија работи на подобрување на односите со соседите и за развивање на поблиски врски со Западот. Наоѓајќи се во деликатна политичка ситуација во земјата, владата во Скопје што е на власт само од два месеца, бара што е можно поголема надворешна поддршка, се вели во анализа на американската компанија Стратфор.

Во јуни македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров се сретна со својот грчки колега, за да разговараат за можните решенија на нивниот билатерален спор. Атина не го признава името на Македонија од страв дека тоа може да ја натера Македонија да остане на   тврдииот став дека тоа е само  грчки регион со истото име. Во јули македонскиот министер за одбрана ја посети Албанија и вети дека ќе ја зајакне соработката меѓу Скопје и Тирана. Во Македонија има големо малцинство од етнички Албанци (околу една четвртина од населението), а Тирана  го обвинува Скопје за дискриминација на етничките Албанци во области како образованието и работните места во јавниот сектор.

Потоа, на 1 август Македонија и Бугарија потпишаа договор за пријателство, во кој се откажуваат од своите територијални претензии една кон друга. Договорот беше резултат од речиси двасет годишни преговори. Овие потези се поврзани со внатрешната ситуација во Република Македонија.

Во мај Зоран Заев стана премиер на земјата, ставајќи крај на едно децениското управување на ВМРО-ДПМНЕ на поранешниот премиер Никола Груевски. Но позицијата  на Заев е малку несигурна. Неговиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) е во коалиција со две помали албански партии, кои се залагаат за проширување на правата на албанското малцинство.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ е силен политички играч и уште го  контролира лидерството.

Политичките услови во Македонија остануваат топли. Во април десетици граѓани, од кои некои маскирани, го  нападнаа парламентот во знак на протест против политиките на СДСМ и назначувањето на етнички Албанец за претседател на парламентот. Неколку пратеници, вклучувајќи го  и Заев, беа повредени во нападот, потсетува Стратфор.

Имајќи  ја предвид кревката внатрешнополитичка рамнотежа во Македонија, стремежот на Зоран Заев кон Европската унија и НАТО  е начин да се добие колку што е можно повеќе меѓународна поддршка за неговата влада. Македонија е опкружена главно од членови на ЕУ и НАТО, што значи дека не може да си дозволи да има ладни односи со нив, ако се надева  и сака да се приклучи кон овие организации.

Македонија се обидува да стане дел од Северноатлантскиот сојуз од крајот на 90-тите години на минатиот век, а на Европската унија – од средината на 2000-та, но некои внатрешни и надворешни проблеми попречуваат тоа да се случи, забележуваат од Стратфор.

Заев се стреми да ја интегрира Македонија во ЕУ и НАТО 

До ден-денешен Македонија останува една од најсиромашните земји од поранешна Југославија. Словенија и Хрватска кои се членки на ЕУ и НАТО, додека Црна Гора се приклучи на вториот блок во оваа година.

За споредба, политичката нестабилност и неподмирените етнички проблеми во Македонија се извор на потенцијални социјални и политички конфликти. За да сосотјбата стане уште посложена, Русија спроведува активна политика во регионот.

Претходно оваа година невладина организација за борба против корупцијата и организираниот криминал, создадоа мрежа од истражувачки новинари, кои соопштија дека руски шпиони и дипломати се активираат во ширењето на пропаганда и во дестабилизација на Македонија, за да го спречат нејзиното пристапување кон НАТО.

Црногорската влада неодамна изјави дека Москва се обидела исто така даго  спречи и на нејзиното пристапување кон воениот сојуз.

По назначувањето на Заев за премиер Кремљ ја обвини новата македонска влада и Западот дека се обидуваат да создадат “голема Албанија” во регионот.

Откако Заев ја презеде функцијата на премиер, претставници на ЕУ и НАТО ја посетија Македонија и изразија поддршка за нејзиното членство во двете организации. Но, процесот нема да биде лесен, бидејќи споровите за името и територијалните конфликти не се единствените проблеми кои ја  попречуваат интеграцијата на земјата во западните организации.

Европската унија е загрижен за статусот на демократијата и владеењето на правото во Македонија и предупреди дека корупцијата и криминалот остануваат важни прашања .

Освен тоа Брисел изрази загриженост во врска со честите несогласувања меѓу етничките Македонци и етничките Албанци во земјата. Така, иако затоплувањето на односите со соседите е една од најважните точки во листата на задачи на Македонија, тоа сигурно не е единствената.

Ако се земе  предвид актуелната политичка фрагментација на Унијата, блокот едвај  и да ќе прифати нови членови наскоро. Ова веројатно е најголемиот предизвик за Западен Балкан но, ако овие земји сметаат дека членството во ЕУ не е реална цел, тие лесно можат да изгубат интерес кон исполнување економски и политички реформи, се вели во анализата на Стратфор.