Стрикото на Меган Маркл: Преку врски ѝ го средив она со што најмногу се гордее

Меган Маркл во последниве месеци е далеку од најомилените членови од британското кралско семејство. Од почетокот нејзината врска со принцот Хари, Меган ја следат скандали и јавни настапи на членовите на нејзиното семејство во медиумите кои и го згорчуваат животот. Откако во медиумите се обрати нејзиниот полубрат Томас, полусестрата Саманта и таткото Томас, сега се јави и Мајк Маркл, нејзиниот чичко, кој нема убави зборови за својата внука.

Мајк Маркл е влијатеен американски дипломат за кој јавноста до неодамна не ни знаеше. Според неговите зборови, тој сакал да и помогне на Меган да изгради кариера на политичарка.

„Преку врски и го средив стажирањето во Аргентина, со што најмногу се гордее. Татко ѝ цел живот ја третираше како принцеза, а таа сега се одрекува од него“, рекол Мајкл Маркл за Daily Mail.

Тој навел дека неговата внука отсекогаш чувствувала комплекс на помала вредност бидејќи доаѓа од работничко семејство.

„Се откажа од сите кога се качи на врвот на социјалната скала. Едноставно не е дорасната за улогата во која се наоѓа. Препотентна е и арогантна“, рекол Мајк кој верува дека Меган е скарана со Кејт бидејќи таа, како што рекол, сака секогаш се да биде по нејзино.

Слични содржини