Струмичките пожарникари гаснеле пожар во Моноспитовското блато

од Radmila Tasevska

Струмичките пожарникари вчера гаснеле пожар во Моноспитовското блато, каде биле зафатени сува трева и трски.

Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале две против пожарни возила и 6 пожарникари, а пожарот бил навреме и успешно изгаснат.

Инаку, Моноспитовското блато се простира на површина од околу 400 хектари. Тоа е едно од последните мочуришта во државата и е прогласено за споменик на природата.Често пати се случува да биде опожарено и најчесто страда трската.

Слични содржини