СЦ „Борис Трајковски“ станува вакцинален центар, одлучи Владата

од Nikola Popovski

На денешната седница Владата го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Со заклучок по оваа точка Владата го задолжи СЦ „Борис Трајковски“ да ги отстапи своите простории на Министерството за здравство за спроведување на масовната вакцинација согласно Национален план за вакцинација против КОВИД-19 во Северна Македонија.

Министерот за здравство, Венко Филипче денес објави дека се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација.

„Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично“, истакна министерот.

Слични содржини