Студентски Пленум: НЕ ГЛАСАЈ КРАДЕНО!

од desk3
84 прегледи

 

Повикуваме на активен бојкот на изборите на СПУКМ. Ги повикуваме студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ на 30 јуни.


Со бојкотот, сите заедно испраќаме најсилна порака: Нема да дозволиме криминални избори за студентски претставници, додека студентите не се на факултетите, испитните сесии се завршени или студентите се отидени на Work & Travel.
БОЈКОТ – затоа што сакаме вистински студентски претставници, а не марионети!
Додека ние протестиравме – СПУКМ молчеше. Додека ние алармиравме за мизерните услови во студентските домови – СПУКМ немо набљудуваше. Додека ние говоревме за подобро, а не квази образование – СПУКМ и неговите челници мислеа за својот џеб, за својот интерес!
Од едната страна сме сите ние, студенти, кои сакаме реконструирани студентски домови, бенефиции за млади во реалноста – а не на рекламите, сите ние кои сакаме достоинствен живот, со повисок студентски стандард.
Секојдневно ќе не гледате, ќе имаме голем број на активности, кои ќе резултираат со една работа – масовен бојкот на 30 јуни од страна на студентите!

#ДаГиСпукаме
#ПоздравПленумци