Студија: Поради пандемијата, луѓето имаат повеќе кошмари од вообичаеното

од Nikola Popovski

Според една финска студија за спиењето и сонот, во која биле вклучена над стотина волонтери, новиот коронавирус на луѓето буквално им станал кошмар. Тие им ги раскажале своите соништа на научниците од Универзитетот во Хелсинки за време на карантинот наметнат поради пандемијата во првиот дел од годината.

Соништата за изгубените пасоши, затворените граници, многу луѓе во мали простории и смртта се повторуваа одново и одново во сведочењата на доброволците.

Луѓето кои сонувале ракување и прегратки тоа го доживеале како кршење на правилото за физичка дистанца.

„Соништата обично се приватна работа, но кога околината брзо се менува за толку кратко време, се чини дека многумина имаат исти асоцијации“, рекла водечкиот автор на студијата, психологот Ану-Катрина Песонен.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“ и во неа учествувале 4.000 Финци. Една четвртина пријавила повеќе кошмари отколку пред пандемијата, а една третина се будела почесто ноќе. Повеќе од половина од учесниците спиеле повеќе од вообичаено, делумно затоа што работеле од дома.

Слични содржини