Студија за повторна инфекција: Кој е ризикот ако сте прележале Ковид-19?

од Nikola Popovski

Една студија спроведена на 3.000 млади американски маринци кои немале Ковид-19, откриле дека тие имаат пет пати поголема веројатност да се заразат отколку оние кои се заразиле со инфекција, додека околу 10 проценти од маринците кои се заразиле со коронавирус биле повторно инфицирани, според студијата објавена во медицинското списание „Лансет“.

„Инфекциите во минатото не гарантираат имунитет, вакцинацијата останува клучна“, стои во текстот на медицинското списание „Лансет“, пренесува Ројтерс.

Од 189 серопозитивни учесници, 19 (десет проценти) биле позитивни на ПЦР-тестовите во следните шест недели, покажа студијата.

Поранешните пациенти меѓу реинфектираните маринци имале помалку антитела и помалку неутрализирачки антитела, во споредба со неинфектираните маринци, кои имале Ковид-19.

„Иако антителата добиени со првичната инфекција се прилично заштитени, тие сепак не гарантираат тотално неутрализирање на коронавирусот или имунитет од нова инфекција со корона“, се вели во соопштението.

Слични содржини