Судир меѓу навивачите на Унион Берлин и холандската полиција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Германските навивачи и холандската полиција се судрија на натпреварот од конференциската лига помеѓу Феенорд и Унион Берлин.

Според германски „Билд“, претставниците на навивачите тврдат дека конфликтот настанал поради лошата организација на натпреварот.

Наводно, скенерите за билети биле неисправни, а потврдите за ковид се проверувале многу бавно, што доведе до голема гужва пред влезот.

Од друга страна, полицијата во Ротердам објави дека група хулигани намерно се судрила со полицијата.

Еден навивач бил каснат од полициско куче, а хулигани повредиле полициски коњ.

Фрлањето пиротехника го исплаши, па тој падна со полицаецот кој го јаваше.

Слични содржини