Судири во Малме по палење копија од Куранот, приведени најмалку три лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку три лица се приведени откако избувнаа судири во делот на шведскиот град Малме населен со имигранти, до кои дошло откако антиисламскиот активист Салван Момика запали копија од Куранот, соопшти денеска шведската полиција.

Полицијата во третиот по големина град во Шведска соопшти дека нивните полицајци биле гаѓани со камења, а десетици автомобили биле запалени.

Полицијата ги опиша овие настани, кои започнаа во неделата и продолжија во текот на ноќта, како „насилни немири“.

Слични содржини