Судот донесе одлука: Поранешната сопруга на Кевин Костнер мора да се исели од семејната вила

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Кевин Костнер и неговата сопруга Кристин Баумгартнер веќе неколку недели се главна тема на светските медиуми.

Моментално се во процес на развод, а вчера судот донесе одлука во корист на Костнер.

Судот ѝ нареди на неговата поранешна сопруга да се исели од луксузната семејна куќа во Санта Барбара до 31 јули, почитувајќи ги условите од претходно потпишаниот предбрачен договор, пишува TMZ.

Адвокатите на поранешната сопруга на актерот не биле премногу задоволни од таа одлука. Посочуваат дека таа нема доволно време ниту пари до крајот на месецот да најде ново место за живеење. Тие побараа рокот да се помести за 15 август, но судот го одби нивното барање.

Да потсетиме, актерот последните денови се жалеше дека неговата поранешна одбива да се исели од дома, иако, како што тврди, ѝ дал повеќе од 1,2 милиони долари, кои би требало да бидат доволни за нејзиното ново сместување.

Кевин Костнер на поранешната ѝ нуди 38.000 евра месечно, додека таа бара шест пати повеќе пари на месечно ниво за алиментација.

Слични содржини