Откако втор ден судските административци штрајкуваат на улица, раководтсвото на УПОЗ денеска беше примено во Министерство за правда, но не го најдоа министерот. Ги примиле единствено неговите советници

Лидерот на УПОЗ Пеце Груевски порача дека нема да одстапат од барањата за зголемување на додатоците, и дека трпението им е при крај.

543A16580ED6374B800DCEA1EB181E6E
Според него, синдикалците им дале рок на валсатите најдоцна до утре да ги известат дали министерот за правда го прифаќа нивното барање за зголемување на платата за 35%.
Протестите продолжуваат и утре. Ќе им се приклучат и административците од судовите низ државата.

Закани со притвор за битолските демонстранти од „Шарената револиција“

Вработените во судовите бараат и измени на спорните одредби од Законот за судска служба, Законот за јавен сектор и Законот за административни службеници, како и враќање на работното време за судските службеници, од 7:30 до 15:30 часот.

Штрајкот трае веќе 12 дена. Исклучок се единствено вработените во Кривичниот суд.

Слични содржини