„Ако одиш на протести и ако ја шараш Општината ќе те притворам“. Вака инспектор од СВР Битола му се заканил на тутунарот Кире Неделковски, кој денеска беше повикан на распит во полиција.

Неделковски, кој во 2010 и 2011 година беше водач на протестите на тутунарите тврди дека на информативниот разговор во полиција денеска добил директни закани, ако продолжи да учествува на протестите на „Шарената револуција“.

bitola-protesti-860x680

– Инспекторката ме праша зошто протестирам, што интерес имам од тоа или сакам случајно Заев (Зоран Заев, лидер на СДСМ н.з.) да го збогатам. Јас и кажав дека протестирам бидејќи сум незадоволен од оваа власт, од она што го направи Талески, воопшто од аболицијата и случувањата во државата – изјави Неделковски за „Мета“.

Инспекторката му посочила дека тој се сомничи за шарање на зградата на Општина Битола кој била под заштита како објект од културно и историско значање и дека ќе одговара пред законот ако продолжи со такво однесување.

Почнува комисиската расправа за импичмент на Иванов

На распит во полиција денеска се повикани уште дузина битолчани ученици во протестите, мажи и жени, а меѓу нив е повикан и млекарот Душко Илиевски, кој тврди дека не само на распит кај инспектор, туку бил повикан и на разговор кај еден од началниците во СВР Битола.

Меѓу повиканите во полиција е и еден од највидните активисти на „Битолскоот движење“, Иван Чулаковски кој пред извесно време го посипа градоначаланикот Талески со лажните банкноти од 360.000 евра.

За активистите од „Битолското движење“ ова е уште еден обид на власта да ги заплаши граѓаните да се откажат од протестите за оставка на градоначалникот Талески и укинување на селективната аболиција на претседателот Иванов.

 

META

Слични содржини