Сунак и Трас во борба за позицијата премиер на Британија

од Vladimir Zorba

Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак и министерката за надворешни работи Лиз Трас денеска се бореа да се натпреваруваат во последната фаза од изборите за лидерската позиција во британската конзервативна партија и за функцијата премиер на Велика Британија откако Борис Џонсон поднесе оставка.

Поранешната министерка за одбрана Пени Мордент е „надвор од игра“, според извештајот на Ројтерс.

Во претходниот круг на гласање Риши Сунак освои 137 гласа, Лиз Трас 113, а Пени Мордоунт 105 гласа.

Слични содржини