СВР Тетово: Граѓаните да пријават штета по пожарот во автобусот на Стража

од Radmila Tasevska

Граѓаните да пријават штети или некоретно однесување на полицајци, апелира СВР Тетово по денешниот пожар на автобусот на Стража.

-Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните-патници кои денеска (1 септември) се превезувале со автобусот во кој настанал пожар во близина на месноста Стража, а на кои им се изгубиле, оштетиле или им изгореле нивни лични предмети, тоа да го пријават во најблиската полициска станица. Граѓаните се упатуваат, исто така, доколку имаат забелешки на однесувањето на некој полициски службеник кој во тоа време го обезбедувал местото на пожарот или учествувал во увидот, да поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола, професионални стандарди и криминалистички истраги за да се преземат адекватни мерки, велат од СВР Тетово.

Слични содржини