СЗО ја следи „Му“ – новата варијанта на коронавирусот

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, соопшти доцна синоќа организацијата на ОН, пренесе АФП.

Новата варијанта, со научно име Б.1.621, досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, според СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот.

Организацијата прецизира дека оваа варијанта има мутации што можат да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој вид на коронавирус.

Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот.

Четири загрижувачки соеви

Сепак, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.

Од појавата на вирусот и варијантите на тој вирус, Светската здравствена организација одлучи да ги именува според буквите од грчката азбука.

Во моментов, загрижувачки се четири видови на коронавирус, меѓу кои видот Алфа е присутен во 193 земји и Делта е присутен во 179 земји, додека пет други видови се под контрола, од кои едниот е „Му“.

Прво беше откриен во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и во Европа.

Слични содржини