СЗО предупредува на трет бран: Ќе дојде ако не се подготвите и правите се што е неопходно

Специјалниот советник за Ковид 19 во Светската здравствена организација, Давид Набиро, предупреди на трет бран на Пандемијата, предвиден за почетокот на 2021. година, и тоа доколку надлежните власти во светот повторно пропуштат се што е неопходно, како што беше тоа случај со вториот бран кој се уште е во тек и зема се поголем замав.

„Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е на нашиот праг“, предупреди Набаро.

Набаро предупреди и дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната по препорака треба да бидат спречени.

Имено, кога стапката на инфекција ќе се намали, а ќе се намали, ќе можеме слободно да правиме што сакаме. Но, сега? Дали ни требаат отворени ски центри во такви услови, се прашува Набаро.

Тој ги пофали меѓудругото азиските земји каде стапката на инфекција е исклучително ниска бидејќи, како што истакна, рестриктивните мерки таму не беа олеснети предвреме.

Слични содржини