Тачи: Никој не може да ја менува историјата на Косово

од Aleksandar Petrovski

Косовскиот претседател Хашим Тачи се огласи со нова порака на Фејсбук во која порача дека „историјата на Косово не може да се менува“.

По објавувањето на информациите дека Специјалното обвинетелство во Хаг подигнало обвинение против него и Кадри Весели за злосторства против човештвото и воени злосторства, Тачи не даваше никакви коментари во врска со тоа, освен што вчера на својот Фејсбук профил постави слика со амблем на УЧК.

Денес Тачи покрај амблемот на УЧК додаде и текст.

„Никој не може да ја менува историјата на Косово“, напиша Тачи.

Специјалното обвинителство само неколку дена пред закажаниот состанок на делегациите на Белград и Приштина во Вашингтон го објави обвинението против Тачи и Весели.

Слични содржини