Тачи: Се радуваме на скоро завршување на дијалогот меѓу Србија и Косово со заемно признавање

од Aleksandar Petrovski

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави вечерва дека директниот ангажман на САД донел нова динамика во дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека се радува на скоро завршување на тој процес со заемно признавање на Косово и Србија.

Тачи синоќа во Белата куќа се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, специјалниот пратеник на претседателот на САД за мировни преговори меѓу Србија и Косово, Ричард гренел и советникот на претседателот на САД за национална безбедност Роберт О Брајан.

„Уште еднаш фала на претседателот на САД, Доналд Трамп на поддршката во дијалогот меѓу Косово и Србија. Директниот ангажман на САД преку О Брајан и Гренел донесе нова динамика во процесот и ние се радуваме на неговоро скорешно завршување со заемно признавање“, наведе Тачи на Твитер.

Американскиот совет за национална безбедност објави вечерва на Твитер дека односите меѓу Србија и Косово од голема важност за администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

По состанокот вчера Вучиќ на новинарите од Србија им рече дека со Тачи имал вообичаен разговор и дека Белград го чека укинувањето на косовските такси на роба од Србија за да може да продолжи дијалогот со Приштина за суштинските прашања.

Тачи синоќа за Радио Слободна Европа изјави дека состанокот бил коректен и конструктивен без нешто посебно и додаде дека разговарале за неопходноста на мировно решение на прашањето меѓу Косово и србија и можноста на постигнување на конечен договор.

Слични содржини