Тајани за здравствената состојба на Берлускони: „Има причина за оптимизам“

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска потврди дека разговарал со докторот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за неговата здравствена состојба и дека тој му рекол дека има причина за оптимизам.

„Ова ни дава причина да бидеме оптимисти. Берлускони е лав, а тој е и физички силен. Сакаме да бидеме оптимисти. Во Форца Италија сите работиме и го следиме текот на болеста со пријателство и љубов. Се надевам дека ќе закрепне што е можно поскоро“, изјави Тајани, кој е долгогодишен соработник и пријател на Берлускони, пренесува „Ројтерс“.

Партијата Форца Италија на Берлускони соопшти дека високи партиски функционери разговарале со Берлускони, како и премиерката Џорџа Мелони и министерот за инфраструктура и лидер на Лига, Матео Салвини.

Слични содржини