Тајна снимка ја разоткри суровоста на медицински сестри: Се смееле додека пациентот умирал

од desk2
128 прегледи

Тајна снимка откри како две медицински сестри се смееле додека маж на умирање молел за помош.

Три години по несреќниот случај тајната снимка ги разоткри медицинските сестри кои одбиле да му помогнат на еден маж кој умирал во центар за рехабилитација.

На снимката се гледа како ветеран од Втората светска војна постојано барал помош затоа што не можел да дише. Медицинските сестри не направија ништо да му помогнат и да му го спасат животот, па дури и се смеат додека се обидуваат да му го наместат респираторот.

Семејството на 89-годишниот Џејмс Демпси од Вудсток поднесе тужба против Центарот уште во 2014 година и според нив се спогодиле со Центарот.

Меѓутоа, MXIA-TV тврди дека двете сестри што му се смееле на пациентот додека умирал не биле отпуштени од работа и не им била одземена лиценцата за работа.

Откако излезе видеото, едната медицинска сестра ја призна грешката, па двете останаа без лиценца за работа, пишува Business Insider.