Талибанците ги затвораат универзитетите за жените

од Vladimir Zorba

Талибанците најавија затворање на женските универзитети во Авганистан, се наведува во писмото на министерот за високо образование.

Министерот вели дека тоа е до понатамошно известување. Одлуката се очекува да стапи во сила веднаш, јавува Би-Би-Си.

Ова се дополнителни ограничувања за пристапот на жените до формално образование, бидејќи тие веќе беа исклучени од средното образование.

Пред три месеци илјадници девојчиња и жени полагаа приемен испит низ Авганистан. Но, беа наметнати широки ограничувања за предметите што можеа да ги студираат – ветеринарна наука, технички предмети, економија и земјоделство беа забранети, а новинарството беше строго ограничено.

Откако талибанците ја презедоа власта минатата година, универзитетите ги одвоија училниците и влезовите за мажи и жени.

Само професорки или постари професори можат да им предаваат на студентки.

Во ноември, властите им забранија на жените да влегуваат во парковите во главниот град Кабул, тврдејќи дека таму не се почитува исламскиот закон.

Слични содржини