Тан Хаг со важно ветување до навивачите на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Ерик тен Хаг, веќе најавен од Манчестер Јунајтед како иден менаџер на клубот, вети дека ќе направи се што е во негова моќ за да му овозможи на тимот повторно да победува. Холанѓанецот ќе го преземе тимот од лето со договор на 3 + 1 година.

„За мене е голема чест што сум назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед и исклучително сум возбуден поради предизвикот што ме очекува. Ја знам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Решен сум да изградам тим кој ќе може да го постигне успехот што го заслужуваат навивачите“, вети Тен Хаг.

Стручњакот моментално ја завршува петтата сезона на кормилото на Ајакс каде освои пет трофеи.

„Ќе ми биде тешко да го напуштам Ајакс по овие неверојатни години. Можам да ги уверам сите наши поддржувачи дека сум целосно посветен и фокусиран на успешно завршување на сезоната пред да се преселам во Манчестер Јунајтед“, додаде Тен Хаг.

Слични содржини