Таравари тврди дека тепачката во Гостивар има политичка позадина-напаѓачите се од ДУИ

од desk4

 Четири лица предизвикале тепачка во дворот на средното општинско училиште Гостивар, при што двајца професори биле повредени. Алијансата на Албанците тврди дека еден од напаѓачите на професорите во гостиварската гимназија е синот на принудно назначениот директор од Владата, Џези Камбери, а другиот напаѓач е телохранителот на поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.

 

Од СВР Тетово потврдуваат дека случајот кај нив го пријавил вработен во училиштето попладнево околу 16 часот. Според првичните сознанија, две лица вработени со други две лица кои не биле вработени во училиштето, во дворот на гостиварската гимназија започнале расправија која набрзо прераснала во физичка пресметка.

Од Алијансата за Албанците во соопштението до јавноста наведуваат дека повредените се професори во училиштето и дека нападот има политичка заднина и реваншизам.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за Фокус вели дека денеска двајца професори во Гостивар биле нападнати од членови на ДУИ.

Едниот од професорите бил тешко повреден и е задржан на неврохирургија со потрес на мозок, а другиот е пуштен дома.

Aктивисти на ДУИ денеска на најбрутален начин упаднале во гостиварската гимназија и на класичен бандитски начин физички нападнале професори на нивното работно место, тврди Алијансата на Албанците. Според партијата, двајца повредени професори, како последица на овој физички напад, се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Скопје.

„Ја потсетуваме јавноста дека огранокот на Алијансата на Албанците во Гостивар беше тој што реагираше навремено во врска со можните последици како резултат на политичката одлука на владата на господинот Заев за одземањето на ингеренциите на градоначалникот во сферата на образованието. На протестот организиран во Гостивар, на 20 март оваа година, поставивме јавно прашање зошто се земаат ингеренциите само во Гостивар, а не на пример и во Струга? Му се обративме и на премиерот, укажувајќи дека ние немаме никаква надеж во луѓето на ДУИ, бидејќи нив ги интересира само личниот интерес и личните придобивки, а не општите интереси на граѓаните“.

Слични содржини