Таткото на уапсениот за обид за убиство на Трамп: Не би „згазнал ниту на мува„

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Страда од аутизам, немал политички ставови, тврди тој.

1466536679-1

Британецот, уапсен во САД за обид за убиство на Доналд Трамп со одземен пиштол од полицаец, страда од синдромот на Аспергер (аутизам), но исто така немал политички ставови и никогаш не е пројавувал насилство, рече неговиот татко за британски медиуми, пренесе Ројтерс.

“Никогаш немал склоност кон насилство. Никогаш не бил лош човек. Тој е добро момче и буквално не би наштетил и на мува – велеше да не користиме спреј против муви, бидејќи не сакаше и мува да умре”, рече Пол Дејви за 20-годишниот син Мајкл Стивен Сандфорд, цитиран на сајтот на “Дејли мејл”.

На сјатот на “Дејли мирор” пишува дека Дејви реколдека неговиот син страда од синдромот на Аспергер и престанал да го посетува училиштето на 15-годишна возраст.

Мајкл Сандфорд е уапсен при обид да земе пиштол на полицаец на митингот на Трамп во Лас Вегас во саботата. На прашањето зошто, тој изјавил: “За да пука на Трамп”, пишува во судските документи. Според Пол Дејви некој мора да остварил влијание врз неговиот син или да го радикализирал.

“Никогаш не е спомнато Доналд Трамп. Причината е таков шок за нас е дека тој не е заинтересиран за такви работи. Се сомневам дека дури знае кој е претседател на САД”, рече таткото на уапсениот Британец.

Според американските власти Мајкл Сандфорд планирал да го убие Трамп, пренесоа американските медиуми.

Сандфорд рекол при сослушувањето дека очекувал да умре при нападот над Трамп и дека резервиралбилет за следниот митинг во Феникс, државата Аризона, како резервен план.

Според службениот доделен адвокат Мајкл Сандфорд живеел во својот автомобил и престојувал во САД илегално по истекот на визата.

Синот на Доналд Трамп – Доналд Трамп Џуниор, ги пофали локалните власти и тајниот сервис за спречувањето на нападот, но не посочи дали ќе се внесат промени во мерките за безбедност на предизборната кампања на неговиот татко.