„Тато, ќе дојдам на следниот концерт“: Снимката од последниот настап на Балашевиќ ќе ве растажи (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Не напушти Ѓорѓе Балашевиќ  уметник кој го обожаваше целиот регион. Тој ги смееше и расплакуваше луѓето со своите песни.

Во преполните сали одекнуваа најубавите љубовни стихови, особено на последните концерти.

На последниот концерт во неговиот Нови Сад, тој сподели, како и обично, животни ситуации, ја забавуваше публиката со омилените песни и рече дека неговата ќерка не можела да дојде на концертот … „Таа рече дека не е важно, ова нема да биде последниот, ќе има уште“, рече Балашевиќ, а потоа со шеговит тон  додаде: „Не би се обложил, да бев на твое место, јас сепак би дошол “.

Последниот концерт, кој се одржа на 25.01. 2020 година, е во салата Језеро во Крагуевац тој го заврши со песната „Циркусот заминува“, а парчињата хартија летаа околу публиката со порака: „Децата ќе зборуваат за светлата на арената“.

Балашевиќ ја изгуби битката со тешката пневмонија и почина вчера во Клиничкиот центар на Војводина. Целиот регион е во солзи, оваа вест никој не остави рамнодушен. Пред неговата куќа, како и во центарот на Нови Сад, се палеа свеќи, беа оставени цвеќиња, а во позадина се слушаа познати стихови.

Слични содржини