Тажна вест за фановите на Пријатели: Повторното собирање се одложува

Долго очекуваното повторно собирање на Пријатели се одложува поради коронавирусот. Специјалната епизода требаше да се снима наредната недела во Калифорнија, а истата требаше да се емитува во мај.

Не е одреден датум за ново снимање, а HBO Max одби да ја коментира новонастанатата ситуација. Епизодата во која требало да се појават шестмината пријатели, требало да привлечат милиони гледачи.

Никој од актерската екипа на Пријатели се уште не се огласиле на социјалните мрежи. Комичната серија престана да се снима во 2004 година, а во 2018 година беше најгледана на Нетфликс.

Слични содржини