Тејлор Свифт навести за нов музички проект

од Vladimir Zorba

Пејачката Тејлор Свифт ги разгори шпекулациите дека подготвува нов музички проект, откако изненадувачки се врати во социјалните мрежи со мистериозно видео. Пред неколку дена ѕвездата ги избриша сите содржини од профили на “Твитер”, “Инстаграм”, “Фејсбук” .

Вчера таа сподели кратко видео на кое се гледа опашка на змија. Изборот на животно не е случаен, бидејќи многу корисници на социјалните мрежи ги наполнија профилите со нејзина слика на змии, по војната со Кание Вест, Ким Кардашијан и Кејти Пери.

Според зборовите на блискиот пријател на Свифт Ед Ширан, ако Тејлор подготвува нова музика, таа ќе ја чува во тајност додека не биде подготвена да ја сподели со публиката. Тој изјави дека пејачката никогаш не му праќа нова музика и тој ги слуша неиздадените парчиња само во нејзино друштво. Тој дури сподели спомен за работа со пејачката и снимка на заедничко нивно парче.

“Се сеќавам на времето кога снимив песна со неа за нејзиниот албум. Бев во Сан Франциско и тие испратија човек со заклучена актовка со ајпод, на кој имаше една песна и тој прелета до Сан Франциско и ја пушти песната”, раскажа тој.

Слични содржини