Темната чоколада произведува исто чувство како марихуаната

Добро е познато дека темната чоколада има бројни предности, но научниците од Универзитетот во Лондон дошле до уште едно откритие.

Имено, Men’s Journal пренесува дека, според зборовите на научниците, темната чоколада содржи психоактивна состојка која создава исто чувство како кај користењето канабис. Тоа е фенилетиламин, невромодулатор кој помага при регулирањето на расположението.

Во склоп на студиите спороведени врз 13.626 лица, оние кои изеле само 15 грама темно чоколадо имале 70% помала веројатност дека ќе појават симптоми на депресија. Освен тоа, својството на темната чоколада е слично како кај канабиноидите создавајќи сличен вкус, тврдат од универзитетот.

Сложената комбинација на флавоноидот во темното чоколадо може да помогне во борба против депресијата. Авторката на студијата д-р Сата Џексон пишува дека студијата „дава некакви докази дека консумирањето чоколадо, особено темното, може да ги намали симптомите на депресија“. Меѓутоа, таа додава дека потребни се повеќе истражувања.

Сепак мора да знаете дека со чоколадото, како и со многу други намирници, не треба да се претерува бидејќи тоа може да штети. Јадете во ограничени, нормални, количини, а чоколадото нека биде десерт со кој ќе се наградите.

Слични содржини