Темното чоколадо сепак не е здраво колку што мислевме?

од Elena Daskalova
344 прегледи

Темното чоколадо често се смета за поздрава алтернатива на млечното, но всушност, енергетската и калориската вредност им е приближно еднаква.

Црното чоколадо добива предност поради поголемата концентрација на полифеноли во составот, а според лекарите, нив можете да ги внесете и со помош на зеленчук, односно чоколадото не е примарен извор за нив.

Секако, тоа е и помалку калорично од млечното, но различата е сосема незначајна. Значи, не треба да претерувате со внесот на темно или какво и да е чоколадо, туку да го внесувате во ограничени количини. Поради тоа, не чувајте големи залихи од него во вашата кујна.

Дури и кога имате голема желба за чоколадо, обидете се да изедете една до две коцки, најмногу еден ред, наместо половина или пак, целото чоколадо.

Слични содржини