Температури до 33 степени

од Vladimir Zorba

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец нè очекува денеска, најавува УХМР.

Во западните делови од државата, според прогнозата, повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени Целзиусови, додека дневната ќе биде од 19 до 33 степени.

Слично време се очекува и утре, кога во западните делови е можен засилен ветер.

Слични содржини