Тешка ноќ во Хамбург: Над 100 приведени демонстранти, повеќе од 200 повредени полицајци (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Тешка ноќ помина  германскиот град Хамбург. Над 100 демонстранти од протестите против Г-20 во Хамбург се приведени, соопшти полицијата на “Твитер”.

При судирите со мноштвото, во кое учествувале над 15 илјади. Души се повредени речиси 200 полицајци.

Како што напиша Локално.мк нема податоци за повредените демонстранти.

Организаторите на вчерашните протести  ја определија акцијата како успешна. Локалната полиција побарала засилувања од над 900 полицајци од други градови, за да гја  совладаат ситуацијата во Хамбург.

“Полицијата не нападна со солзавец и водени топови, но и покрај несразмерното насилство од страна на властите, ние не се предадовме

. Можеме да го прифатиме овој ден како наш заеднички успех “, изјави претставникот на антиглобалистичкото движење” БлокГ-20 “Кристијан Бланк за  ” Хамбургер моргенпост “.

Погледнете ја галеријата ;

Слични содржини