Tesla повторно ги намалува цените

од Stefanija Kuzmanovska

Компанијата Tesla го претстави моделот Y со погон на задните тркала во понеделникот во САД по цена од само 43.990 долари, со наводно автономија од 420 километри. Со овој потег, Tesla ја пушти на колена дури и конкуренцијата со конвенционалните мотори со внатрешно согорување.

Tesla лансираше нова верзија на Model Y во САД која е 3.750 долари поевтина од претходниот основен модел. Интересно, оваа нова понуда доаѓа само неколку часа откако производителот на електрични автомобили објави поголем од очекуваното „пад“ на бројот на испорачани автомобили во третиот квартал. Поради ова, акциите на Tesla доживеаја благ пад на вредноста во вторникот.

Со нов почетен модел кој започнува од 43.990 долари, и дополнителен попуст од 500 долари и 7.500 американски долари федерални попусти по купувањето, ова значи дека можете да го добиете овој модел за конечна цена од 35.990 долари. Ова го прави Model Y привлечен за купувачите кои не размислувале за електрични модели бидејќи по таа цена е значително попристапен од многу модели од оваа големина со конвенционални мотори со внатрешно согорување.

Претходниот основен модел Y од 47.740 долари веќе не е достапен. Подолгите верзии со два мотори со повисоки перформанси на Model Y почнуваат од 50.490 долари и 54.490 долари.

Tesla веќе некое време го продава моделот Y со погон на задните тркала во Кина и Европа, додека во 2021 година накратко понуди RWD Model Y во САД со автономија од 390 километри, но брзо ја повлече таа верзија од пазарот.

Поевтиниот Model Y треба да ја подобри продажбата, но во исто време го најавува продолжувањето на притисокот врз продажните цени и маржите, што европските производители силно го почувствуваа на сите пазари во ЕУ ова лето.

Слични содржини