Тие си ги бараат пасоши назад, СЈО бара ПРИТВОР! Денеска на ред Груевски и најблиските !

од Vladimir Zorba
Обвинението е за „Титаник“ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ! Денес на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје аргументите за жалбите ќе ги соочат двете спротивставени страни, по што второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука.

Во Апелацискиот суд Скопје денес на јавна седница треба да се појават екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Мили Јанакиески, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, сите обвинети во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности и манипулации.

Тие се жалат на одлуката на Кривичниот суд за одземање на пасошите, додека СЈО бара притвор за нив.

Претходно Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 реши само да им ги задржи пасошите и им наложи редовно да се јавуваат во судот, но од страна на СЈО не прифати ниту еден предлог за одредување на мерка притвор.

„Титаник“, првата истрага која ја отвори СЈО, е предмет во кој обвинителството истражува изборни манипулации. Обвинителството при објавувањето на истрагата рече дека веќе обвинетите создале група која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето, со криминализација на изборниот процес со цел освојување на власта.

Денес на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје аргументите за жалбите ќе ги соочат двете спротивставени страни, по што второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука.

Слични содржини