ТикТок феномен: 16 години и четири милиони долари во банка

од Stefanija Kuzmanovska

Чарли Дамелио има 16 години, живее во Конектикат и за една година направи империја на ТикТок, која ѝ донесе околу четири милиони долари. Јо следат 100 милиони луѓе на таа мрежа.

Чарли се најде на списокот на 40 највлијателни лица на возраст под 40 години на сајтот „Фортун“, „Вашингтон пост“ ја прогласи за кралица на социјалните мрежи, а Џенифер Лопез сакаше оваа тинејџерка да биде во шоуто „Супербоул“. И тоа не е сè.

Поради еден инцидент, таа успеа да изгуби половина милион следбеници, но брзо ги врати, скоро двојно повеќе. Зошто? На видеото во кое вечерала со своето семејство, таа го навредувала готвачот кој го плаќала.

„Животот се чини нереален. Толку е чудно кога мислам дека пред нешто повеќе од една година бев во Конектикат и одев на училиште, не работев ништо, а сега живеам во Лос Анџелес “, напиша Чарли.

Својата слава на ТикТок ја искористила за цела низа профитабилни работни места – лансираше подкаст, го разви својот канал на Јутјуб и најави договор за книга.

И сè започна во 2019 година, кога Чарли започна да објавува видеа на ТикТок со песни кои беа познати на таа социјална мрежа.

Оттогаш па се до денес, таа го вклучи и семејството во работата, кое исто така заработува многу пари благодарение на разни канали на социјалните мрежи, па ги нарекуваат виртуелни Кардашијан.

loading...

Слични содржини