Тиквата е меѓу најкорисната храна, видете зошто

од Vladimir Zorba

1480828535-9550433de5684db90e1d46762f1d829e

Тиквата е една од најкорисната храна и треба постојано да е на трпезата. Таа е диететска, помага на очите, срцето и кожата, содржи многу антиоксиданси и витамини, го зголемува расположението.
Тиквата содржи малку калории, а вкусот е одличен. Таа многу заситува, бидејќи содржи многу растителни влакна и затоа е одлична за сите кои ја почитуваат диета.

Бидејќи е богата со бета-каротен, кои се претвора во витамин А, а потоа во ретинол, тоа е многу корисна за очите и ги забавува дегенеративните очни болести. Една чаша исечкана тиква обезбедува дневната препорачана доза од витамин А. Бета-каротенот и другите каротеноиди во тиква се многу важни и за цврстината на кожата.

Антиоксидантите во тиква и семките имаат заштитен ефект за целото тело, вклучувајќи за срцето и крвните садови. Влакната помагаат за намалување на холестеролот. За максимален ефект, откако ќе заврши сезоната на тиквата, може да ставате салати со семки од тиква.

Витамините А и Ц, кои се во изобилство во тиквата, се многу важни за здрав имунолошки систем. Затоа таа е одлично средство против зимските вируси. Во маслото од семки од тиква, пак, има многу гама-токоферол – форма на витамин Е. Овој антиоксиданс гонамалува воспалението и штити од некои видови рак.

Магнезиумот во тиквата е како транквилизант и може да ја намали појавата на депресивни симптоми. Семки од тиква се едни од најдобрите негови извори.

Слични содржини