Тим на СЗО итно испратен во Конго поради еболата: Една жена починала, откриени се 70 нејзини контакти

од Nikola Popovski

Демократска Република Конго во неделата објави дека вирусот ебола повторно се шири на истокот од земјата, каде Светската здравствена организација (СЗО) испрати тим на свои епидемиолози откако една жена почина од таа болест и три месеци по прогласниот крај на претходната епидемија.

„Вирусот ебола повторно се појави на истокот од ДРК“, изјави за државната телевизија министерот за здравство на Конго, Етиен Лонгондо, додавајќи дека жената починала на 3 февруари во близина на Биена, во Северен Киву, на истокот на земјата.

Анализата на примерок од нејзината крв земена пред смртта покажа дека е позитивна на вирусот ебола, објави Министерството.

Селото Биена е во близина на градот Бутемба, каде епидемиолозите на СЗО спроведуваат истрага на терен и каде се откриени „70 контакти“ на починатите, објави канцеларијата на СЗО во Африка.

Овој нов случај беше пријавен откако беше официјално прогласен за крај на единаесеттата епидемија на ебола во провинцијата Екватор, на северозападот од земјата, на 18 ноември 2020 година, која однесе 130 животи од 130 пријавени случаи на заболување.

Закрепнувањето на последниот пациент со ебола е потврдено во таа провинција Конго на 16 октомври 2020 година.

Во неделата, министерот Етени не ја прогласи дванаесеттата епидемија на ебола. Сепак, во средината на ноември, тој предупреди дека „постои постојана опасност од нова епидемија на ебола“ во Конго.

Вирусот ебола, кој во 1976 година го откри Питер Пиот и меѓународен тим, во кој учествуваше и професорот од Конго, Мујембе, се пренесува на луѓето од заразено животно.

Се пренесува од човек на човек со телесни течности, а главните симптоми се треска, повраќање, крварење и дијареја.

Слични содржини