Тина Тарнер сними филм во кој зборува за нарушеното здравје и ПТСП (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Пред десетина дена, на Берлинале премиерно беше прикажан документарен филм со едноставен наслов „Тина“. Во режија на Даниел Линдзи и Т. T.. Мартин, дуото кое веќе доби Оскар во 2011 година за спортскиот документарец „Непобедлив“. „Тина“ ќе се емитува на 27 март на HBO Max и ќе биде првиот документарец што ќе ги прикаже сите приватни и професионални подеми и падови во животот на Тина Тарнер (81).

Во филмот, оваа неповторлива пејачка отворено зборува за некои од нејзините најголеми трауми во животот. Животот со насилникот Ајк Тарнер, од чие насилство таа сè уште има ПТСП (посттрауматско стресно растројство), иако се разведоа во 1978 година. За сиромаштијата и тешките почетоци, загубата на синот, сè до сериозните здравствени проблеми.

– Не беше добар живот. Не можам и не сакам да бегам од тоа. Тој беше исполнет со насилство и траума и тоа е вистина. Вистината што ја кажав – заклучи Тарнер, која преживеа мозочен удар и се избори со рак.

Откако се омажи за насилникот Ајк, таа подоцна пронајде среќа со Германецот Ервин Бах, директорот на издавачка куќа. Во филмот, фановите на Тина можеа да ја слушнат и неговата значајна изјава, која загрижи многу фанови на Тина.

– Тина ми рече „Ајде да одиме во Америка, сакам да се збогувам со моите фанови. Да им кажам збогум уште еднаш и да им се заблагодарам за сè и тоа ќе биде мојот крај. Моето последно збогување“- признава Бах во еден од извадоците од филмот .

Слични содржини