„Тој го напушти студиото“: Скарлет Јохансон за секс сцена со Хоакин Феникс

од Stefanija Kuzmanovska

Во филм снимен во 2013 година, Скарлет Јохансон и Хоакин Феникс заедно играа предизвикувачки сцени.

Поминаа речиси десет години од првото прикажување на филмот „Her“ во кино, а актерката Скарлет Јохансон проговори за „чудната секс сцена“ со колегата Хоакин Феникс, пишува Daily Mail.

Во овој филм, актерката го позајмува гласот на програмата „Саманта“, во која писателот Теодор, кој го игра Феникс, се вљубува.

По објавувањето на филмот ширум светот, популарната актерка Јохансон се појави на подкастот „Armchair Expert“ каде откри колку навистина била „одвратна и бизарна“ нејзината секс сцена со колегата.

„Се обидовме да го снимиме уште при првиот обид, но не успеа. Тој беше толку вознемирен поради тоа, што го напушти студиото. Му требаше одмор“, се присети Скарлет, а потоа додаде:

„Дефинитивно не сакате да слушате како звучите кога доживувате оргазам. Особено не лажен“.

Инаку, Јохансон беше доведена да замени друга актерка, Саманта Мортон, која режисерот првично ја ангажираше за оваа улога.

Скарлет го опиша снимањето како „многу исцрпувачко“.

Слични содржини