„Тој ја изневеруваше“: Дали Емили Ратајковски се разведува?

од Stefanija Kuzmanovska

Светските медиуми пренесуваат дека Емили Ратајковски се разведува од сопругот Себастијан по четири години брак.

Иако таа се уште не поднела барање за развод на суд, извор близок до парот тврди дека на љубовта ѝ дошол крајот.

„Да, тој ја изневеруваше. Тој е сериски измамник. Одвратно е. Тој е гад“, рекол изворот.

Гласините за развод започнаа кон крајот на минатата недела кога Емили беше забележана без нејзиниот венчален прстен. Засега, сопружниците не ги коментираа написите во печатот за разводот.

Потсетувамем Емили и Себастијан се венчаа во 2018 година, а во бракот го добија синот Силвестер.

Слични содржини